• среда, 15 мај 2024

Митрески од Кичево: Нема откажување од европската иднина

Митрески од Кичево: Нема откажување од европската иднина

СООПШТЕНИЕ

4 мај 2024

Носителот на Изборната единица 5 на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Јован Митрески, денеска се обрати на граѓански собир во Кичево, каде ги повика Кичевчани да гласаат за број 1, за подобра иднина, за европски вредности и за подобар животен стандард. 

„Денеска, кога одбележуваме 121 година од смртта на нашиот херој, нашиот револуционер и борец за самостојна Македонија, великанот Гоце Делчев, можеме да кажеме дека неговата заложба за самостојна, независна, суверена Македонија, но и Македонија која е рамноправен партнер со најголемите демократски европски и светски сили е исполнета. Станавме членка на НАТО, го чекориме патот кон полноправно членство во ЕУ“, рече Митрески. 

Тој нагласи дека нашиот идентитет е потврден, нашиот македонски јазик е заштитен и светски признат, рамноправен со јазиците на сите земји членки на Европската унија.

„За тоа се бореше Гоце Делчев, за тоа се бореа и животот го дадоа уште илјадници наши херои од револуционерната борба, но и во втората светска војна. Нема откажување од иднината која овозможува подобар животен стандард на сите граѓани на оваа наша преубава земја. Гласањето за број 1 е вистинскиот избор на претседателските и на парламентарните избори“, нагласи Митрески.

Центар за комуникации со јавност на СДСМ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан