• петок, 22 ноември 2024

МВР потврди дека Палевски е екстрадиран и пренесен е во КПУ Затвор Скопје

МВР потврди дека Палевски е екстрадиран и пренесен е во КПУ Затвор Скопје

Скопје, 15 мај 2024 (МИА) - Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска (15.05.2024) полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка на МВР во соработка со турската полиција го завршија процесот на екстрадиција од Република Турција на Љупчо Палевски (59) од Скопје, за кого беше распишана меѓународна потерница за истрага за кривични дела „грабнување" и „убиство“ по издадена наредба XV KO бр 3047/23 од Основното јавно обвинителство Скопје.

Лицето е пренесено во КПУ Затвор Скопје. нд/

Остани поврзан