• петок, 26 април 2024

Мисајловски: Сите граѓани да ни се приклучат и да ја дадат нивната поддршка за Гордана Силјановска Давкова

Мисајловски: Сите граѓани да ни се приклучат и да ја дадат нивната поддршка за Гордана Силјановска Давкова

Старо Нагоричане, 7 април 2024

Денеска сме тука во Старо Нагоричане заедно со техничкиот заменик министер во земјоделие Цветан Трипуновски нашиот пријател од ВМРО-ДПМНЕ со нашите коалициони партнери, бедеми во коалицијата, сите заеднички и сложно да идеме од врата на врата да посетиме граѓани да разговараме со земјоделци и да ја претставиме нашата програма за следните парламентарни избори.

Најважно од се за овие претседателски избори да ги повикаме сите граѓани да ни се приклучат, да имаме една прекрасна кандидатка Гордана Силјановска Давкова и сакам тука од Старо Нагоричане да ги повикаме сите граѓани да ни се приклучат и да ја дадат поддршката за Гордана Силјановска Давкова. Сложно обединето, сите заеднички од тука порачуваме, голема победа, големи промени и Македонија да ја направиме повторно горда сите заеднички, сплотени како што сме тука заедно. 

Очекувам граѓаните да ни се приклучат и да направиме историја, најголема победа бидејќи народот заслужува подобра иднина.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

 

Остани поврзан