• сабота, 04 мај 2024

Сончево и потопло, утре попладне дожд и грмежи

Сончево и потопло, утре попладне дожд и грмежи

Скопје, 26 април 2024 (МИА) - Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во планинските подрачја. Потоа следува период на стабилно и топло време, а дневните температури ќе бидат повисоки за три до пет степени.

Како што соопшти УХМР, во следните три дена ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Минималните темпеартури ќе бидат во интервал од два до 12 степени, а максималните од 20 до 28 степени. мд/дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан