• понеделник, 08 јули 2024

Мирор: Осимен може да дојде во Ливерпул како замена за Салах

Мирор: Осимен може да дојде во Ливерпул како замена за Салах

Лондон, 21 октомври 2023 (МИА) – Фудбалерот на Наполи, Виктор Осимен може да ја продолжи кариерата во Ливерпул.

Според „Mirror“, англискиот клуб во 24-годишниот Нигериец гледа соодветна замена за Мохамед Салах, кој може да го напушти тимот.

Во тековната сезона, Осимен одигра 10 натпревари на кои постигна шест гола и една асистенција.

Осимен кој беше еден од најзаслужните за минатогодишната шампионска титула на Наполи, не е во најдобри односи со тренерот на италијанскиот клуб Руди Гарсија. зс/

Фото: ЕПА 

Остани поврзан