• петок, 22 ноември 2024

Новиот договор со Лејкерс може да биде последен во кариерата на Леброн

Новиот договор со Лејкерс може да биде последен во кариерата на Леброн

Лос Анџелес, 8 јули 2024 (МИА) – Ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс одговори на прашањето дали неговиот нов договор со клубот може да биде последен во неговата кариера.

- Да, можеби. Многу веројатно е така. Но, ќе видиме што сè ќе се случи на крајот, ги цитира „ESPN“ зборовите на Џејмс.

Вчера Лос Анџелес лејкерс објавија продолжување на договорот со 39-годишниот Леброн. Според американските медиуми, тој е дизајниран за две години, во кои тој ќе заработи повеќе од 100 милиони долари.

Џејмс стана првиот играч кој постигнал над 40.000 поени во кариерата и е водечки стрелец во историјата на НБА. Вкупно, тој има поминато 22 сезони во лигата. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан