• понеделник, 23 декември 2024

Француската федерација ја одби жалбата на ПСЖ за неисплатените плати на Мбапе

Француската федерација ја одби жалбата на ПСЖ за неисплатените плати на Мбапе

 

Париз, 22 ноември 2024 (МИА) – Француската фудбалска федерација ја одби жалбата на ПСЖ на одлуката во случајот со неисплатените плати и бонуси на поранешниот играч на клубот од Париз, Килијан Мбапе, јавија вечерва локалните медиуми.

Претходно, шпанскиот весникот Ас објави дека Француската професионална фудбалска лига му наложила на ПСЖ да му плати на Мбапе 55 милиони евра. Клубот ја обжали оваа одлука.

Мбапе, кој ова лето прејде во редовите на Реал Мадрид, поднесе жалба до француската лига и до УЕФА во спорот „тежок“ 55 милиони евра што не му беа платени според стариот договор со ПСЖ.

Напаѓачот играше за ПСЖ од 2018 до 2024 година и замина во Мадрид како најдобар голгетер во историјата на парискиот гигант. ег

ФОТО: Икс

Остани поврзан