Орландо ја прекина серијата од 16 победи на Кливленд
- Орландо меџик вечерва го победи Кливленд кавалирс на гостински терен со 108:103 и ја прекина серијата од 16 последователни победи на тимот од Охајо.

Кливленд, 16 март 2025 (МИА) - Орландо меџик вечерва го победи Кливленд кавалирс на гостински терен со 108:103 и ја прекина серијата од 16 последователни победи на тимот од Охајо.
Најзаслужен за победата на Орландо беше Паоло Банчеро, кој имаше дабл-дабл учинок - 24 поени и 11 скока.
Кливленд е лидер во Источната конференција на НБА-лигата со 56 победи и 11 порази.
Орландо се наоѓа на осмото место со биланс 32-37 (победи-порази). зс/
Фото: ЕПА