• недела, 22 декември 2024

Првични резултати: Пораз на Ле Пен на изборите во Франција

Првични резултати: Пораз на Ле Пен на изборите во Франција

Париз, 7 јули 2024 (МИА) – Според анкета на ИФОП по затворањето на гласачките места во Франција, на прво место е левичарската коалиција Нов народен фронт, која би можела да освои меѓу 180 и 215 места во парламентот.

Центристичката коалиција предводена од претседателот Емануел Макрон би можела да освои меѓу 150 и 180 места.

Крајно десничарската коалиција Национален собир на Марин Ле Пен е на последното место со очекувани 120-150 места, според анкетата на ИФОП.

Според Би-Би-Си, и сите големи ТВ канали проектираат победа на левичарскиот сојуз, а не на Националниот собир на Марин Ле Пен и Џордан Бардела.

Исти резултати објави и француската државна телевизија. јт/

Фото: ББЦ скриншот

Остани поврзан