• понеделник, 04 ноември 2024

Милијардерот Маезава бара партнерка за патувањето во вселената

Милијардерот Маезава бара партнерка за патувањето во вселената
Токио, 13 јануари 2020 (МИА) - Милијардерот Јусаку Маезава објави оглас во којшто бара придружничка на неговото вселенско патување, но и воопшто - во животот. Јапонецот има 44 години и е прв сопственик на билети за туристичко патување на Месечината, организирано од Спејс-икс и закажано за 2023 година. Познат е и по тоа што само пред неколку дена преку Твитер на своите следачи им подели девет милиони долари. Неговиот вкупен имот се проценува на две милијарди долари. Основач е на најголемиот јапонски трговски синџир за облека - Зозо. - Полека ме обземаат чувства на осаменост и празнина. Затоа, постојано размислувам за едно нешто: Сакам да сакам една жена, напиша Маезава на својата интернет-страници. Во објавата се вели и дека не би било никаков проблем ако не знаете јапонски. - Сакам да најдам животна партнерка и од вселената да испратам порака за нашата љубов и мир во светот, додава Јапонецот. Жените кои имаат над 20 години може да се пријават на неговата интернет-страница. си/ми/

Остани поврзан