• понеделник, 23 декември 2024

Деми Мур потсети на својата трансформација во „Супстанција“

Деми Мур потсети на својата трансформација во „Супстанција“

Лос Анџелес, 1 ноември 2024 (МИА) - Американската глумица Деми Мур за Ноќта на вештерките објави фотографија од снимањето на хорор-филмот „Супстанција“ (The Substance), којшто веќе се прикажува во киносалите во САД. Со својата „вештерска“ маска од филмот, Мур уште еднаш ги потсети своите обожаватели и следачи на, според многумина - неверојатната трансформација.

„Предупредување за ‘спојлери’. Долго време ги чував овие ’скапоцени камења‘ од снимањето на ’Супстанција‘ и денеска е денот да ги споделам. Среќна Ноќ на вештерките од Елизабет Спаркл“, напиша глумицата.

Друга слика, на којашто лицето на нејзината колешка - Маргарет Квали, е прекриено со боја налик на крв, згрози многу нејзини следбеници на „Инстаграм“ - соодветно на американскиот празник.

Режисер на „Супстанција“ е Коралин Фарџит. Приказната за позната ѕвезда чија кариера оди надолу (Мур), која користи дрога купена на црниот пазар. Супстанцијата „создава“ многу помлада верзија од протагонистката (Квали), но со неочекувани несакани појави.

Филмот беше премиерно прикажан во мај на 77. издание на Канскиот филмски фестивал. Фарџит беше наградена за најдобро сценарио. Има заработено повеќе од 40 милиони долари, a на ИМДБ има оценка 7,6 / 10.  си/

Фото: ИМДБ, Инстаграм

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан