• петок, 22 ноември 2024

Милан на Спортинг ќе ја плати казната на Леао

Милан на Спортинг ќе ја плати казната на Леао

Милано, 7 април 2023 (МИА) - Милан се договори за нов договор со напаѓачот Рафаел Леао, објави новинарот Матео Морето на својата страница на Твитер.

 

Клубот од Милано е подготвен да плати и казна од 19 милиони евра на лисабонскиот Спортинг поради тоа што Португалецот во 2018 година еднострано го раскина договорот со клубот.

 

Дваесет и тригодишниот Леао во тековната сезона одигра 36 натпревари постигнувајќи 11 гола и 10 асистенции.

 

За Леао беше заинтересиран Реал Мадрид и трансферот беше на повидок, но Милан успеа во последен момент да го задржи во своите редови. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан