• среда, 16 октомври 2024
МИА Флеш

15 октомври 2024 

Скопје - Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Радовиш, поднела кривична пријава против едно лице, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „Несовесно работење во службата” казниво по член 353-в, ст. 1 и ст. 4 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија.

Како што денеска сооптштија од Управата за финансиска полиција, пријавениот во својство на раководно службено лице во Општина Радовиш, на крајот на 2023 година, наместо поради неизвршување на работите по склучен договор за изведба на фекална канализација да ја активира банкарската гаранција на правното лице- изведувач за квалитетно и навремено извршување на работите, тој постапил спротивно на законот со што оштетил Буџетот на Општина Радовиш во износ од 107.994 денари.

Скопје - Царинската управа во изминативе три месеци успеа да собере над 24 отсто повеќе приходи од увозни давачки и акцизи во однос на претходниот квартал. Ова зголемување е јасен показател за нашата посветеност да го подобриме создавањето приходи и да обезбедиме ефикасно спроведување на нашите економски политики, рече денеска портапролот на Владата, Марија Митева.

Многу важен податок, додаде, е и состојбата со наплатата која бележи раст.

Скопје - Енергетската транзиција е приоритет за Владата, а целосната гасификација на државата претставува столб во стратегијата за енергетска транзиција, порача министерката за енергетика, минерални суровини и рударство, Сања Божиновска, во обраќање на панел на настанот за презентација на резултатите од мониторирањето на квалитетот на воздухот во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“, кој го спроведува УНДП во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање, како и општините Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга.

Настанот, претставува значаен чекор кон заедничките напори за подобрување на квалитетот на воздухот и заштита на животната средина во земјава.

Скопје - Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска одржа работна средба со делегацијата на Глобалната организација за поддршка на претпријатијата - SEED, предводена од нејзиниот основач и лидер, Стеинар Хоел Корсмо.

На средбата, на која присуствувале и претприемачите Ислам Полику и Исамет Бакиу, инвеститори од Норвешка, се разговарало за можноста за привлекување на инвеститори од оваа организација на пазарот во Северна Македонија, имајќи предвид дека оваа мрежа на инвеститори развива програми во над 50 земји од светот, што обезбедуваат пристап до финансии од приватен капитал за отварање нови бизниси (старт-ап) и за компании во развој (скале-апс).

Брисел - Идеална ситуација би била ако Северна Македонија и Босна и Херцеговина одржат меѓувладини конференции за старт на преговорите до крајот на годината, изјави денеска во Луксембург унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто по одржувањето на Втората меѓувладина конференција ЕУ-Албанија, со што земјата практично ги започна пристапните преговори по кластери.     

- Но, тоа не зависи само од нас, само од претседателството (со ЕУ), не зависи ниту од комесарот, туку зависи од консензусот на сите 27 земји членки, рече Сијарто на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама и еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји. 

Скопје - Јавноста ќе биде веднаш информирана кога ќе се дефинира во кој период и како ќе се разгледува законот за правична застапеност, како и кои чинители ќе бидат вклучени за изнаоѓање најдобро решение. Текстот се уште не е пристигнат до Владата, поради што не може да се соопштат детали за неговата содржина, рече денеска портпаролката Марија Митева.

-И вчера реков дека до Владата не е пристигнат таков закон за да можам да соопштам детали, но ве уверувам дека сакаме решение кое ќе биде транспрентно за јавноста и со кое ќе бидете запознаени.  Кога ќе се создат услови, кога ќе го погледнеме, веднаш ќе ве информираме. Дадовме предлог за исто такво решение да побараме став од Венецијанската комисија, за да се избегнат какви било нерегуларности, рече Митева, одговорајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата за сработеното на Царинската управа. 

Скопје - Од Лекарската комора попладнево соопштија дека со загриженост го следат случајот со починатото 14-месечно бебе во Клиниката за детски болести. 

- Во однос на активностите што ќе ги преземеме, засега може да кажеме дека откако ќе го добиеме извештајот од Министерството за здравство, ќе биде разгледан во Комората, а што ќе се преземе понатаму, зависи од неговата содржина, потенцираа од Лекарската комора.

Скопје - Владината портпаролка Марија Митева денеска обелодени дека Општина Карпош побарала пролониграње на грејната сезона, да не почне на 15 октомври, туку на 1 ноември.

Владата, како што напомена Митева, ги проверила вчерашните наводи на градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски.

Скопје - СВР Скопје го расчисти случајот со синоќешното пукање на ул. „Христијан Тодоровски- Карпош“, во близина на општина Чаир, кога од огнено оружје во левата нога е повреден Е.А. (35) од Скопје.

- Веднаш по добиената пријава преземени се опсежни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје – Единица за насилен криминал, во координација со „Безбеден град“ Скопје, како и OJO Скопје, при што се утврдени сите учесници во кривично правниот настан и тоа: Л.А. (32) и И.Т. (30), кои се лишени од слобода и задржани во полициска станица за понатамошна постапка, како и А.Р. (29) и М.И. (32), осудени лица на издржување на казна затвор во КПУ Идризово, а кои во текот на 14.10.2024 година, во времето на извршувањето на кривичното дело, користеле излез од затворот Идризово, по основ на работен ангажман, соопштија од МВР.

Скопје - Предлог-националната развојна стратегија 2024-2044 година денеска доби поддршка од членовите на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика и се проследува на натамошна постапка во Собранието.

Заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска во озбразложението истакна дека Националната развојна стратегија (НРС) за периодот 2024 – 2044 година е водечки документ со кој се дефинираат главните национални развојни цели, стратешки области и приоритети за забрзан, инклузивен, рамномерен, родово еднаков и одржлив развој на Република Северна Македонија. Основната идеја на НРС, како што рече, е да овозможи континуитет во стратешкото планирање и конзистентен одговор на главните предизвици, без оглед на политичката ориентација.

Скопје - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска во Берлин остварил билатерална средба со сојузната министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Аналена Бербок.

Како што соопштија од МНРиНТ, ова е прва официјална средба на двајцата министри по преземањето на министерската позиција на Муцунски.

Скопје - Во рамките на 149. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ), што се одржува од 13 до 17 октомври во Женева, пратениците Бобан Карапејовски и Борислав Крмов учествуваа на седницата на Форумот на млади парламентарци.

Како што информира собраниската прес-служба, на оваа седница, меѓу другото, се дискутирало и за темата на генералната дебата на Собранието на ИПУ: „Искористување на науката, технологијата и иновациите (НТИ), за помирна и одржлива иднина“, од младинска перспектива.

Скопје - Се сомневаме во искреноста на нивните намери, а поранешниот шеф на дипломатијата најмалку има кредибилитет да зборува за оваа тема, рече денеска владината портпаролка Марија Митева во врска со ставот на Бујар Османи да се донесат уставните измени, но со клаузула според која нема да важат ако Бугарија во наредните пет години продолжува да го блокира нашето членство во ЕУ.

-Ја видовме изјавата на поранешниот шеф на дипломатијата кој со години беше на чело на таа позиција и цениме дека најмалку има кредибилитет да зборува за оваа тема зашто се сомневаме во искреноста на нивните намери при давањето предлози и решенија за состојбата во која се наоѓаме по однос на ова прашање, истакна Митева на прес-конференција.

Брисел - Билатерализацијата на патот на една земја кон Европската Унија е болна работа, бидејќи ако се билатерализира овој процес само и се нанесуваат штети на таа држава, порача денеска во Луксембург албанскиот премиер Еди Рама на прес-конференција по одржувањето на Втората меѓувладина конференција ЕУ-Албанија, со што Тирана практично ги започна пристапните преговори по кластери.    

- Со билатерализацијата само им се нанесува штета на она што го викаме збир на стандарди и вредности, порача Рама на заедничката прес-конференција со унгарскиот министер за надворешни работи и трговија и еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји. 

Скопје - Македонската Влада и честита на Албанија за почетокот на пристапните преговори, но изразува и огромно жалење за тоа во каква состојба се наоѓа нашата држава, рече денеска портпаролката Марија Митева. Одговорајќи на новинарски прашања, Митева истакна дека ќе продолжи презентацијата на нашите ставови и позиции и деблокирањето на процесот на придвижување на земјава кон ЕУ.

-Како Влада можеме да изразиме задоволство и да честитаме за почетокот на Албанија, но и да изразиме огромно жалење за тоа во каква состојба се наоѓа нашата држава. Премиерот вчера имаше детално образложение за состојбите што беа разговарани во рамки Берлинскиот процес, рече дека од Германија имаме силна поддршка за продолжување на евроинтегративниот процес. Ги презентиравме нашите позиции во однос на блокадата со која се соочуваме и како Влада ќе продолжиме да зборуваме за тоа, да ги презентираме нашите ставови и да го деблокираме процесот во кој се наоѓа Македонија, нагласи Митева на прес-конференција.

Скопје - Министерот за правда Игор Филков оствари средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килиан Вал. 

Како што соопшти денеска Министерството за правда, се дискутираше за планираните реформи и проекти во правосудството во насока на владеење на правото.

Белград - Синдикатот за контрола на летање на Србија и Црна Гора (СМАТСА) денеска најави предупредувачки штрајк за сабота, 26 октомври од 17 до 18 часот, поради незадоволство од низата одлуки на раководството на компанијата, вклучувајќи го и одбивањето да се започнат преговори за склучување нов Колективен договор.

Во Одлуката за отпочнување предупредувачки штрајк, стои дека вработените бараат почеток на преговори за склучување нов Колективен договор, како и почитување и спроведување на Финансискиот план на СМАТСА за 2024 година, со акцент на интерните прераспределба на планираните средства.

Тирана - Бродот „Либра“ на италијанската морнарица, кој од вчера плови кон Албанија превезува само 16 мигранти, од нив 10 се од Египет и 6 од Бангладеш, објавија албанските медиуми, повикувајќи се на „Ла Република“.

- Мигрантите кои со импровизирани чамци го напуштиле либискиот брег Сабрата и Зуара, сега се на брод долг 80 метри, кој може да превезе до 80 морнари и околу 200 патници. Треба да пристигнат во албанското пристаниште Шнѓин во текот на утрешниот ден, по што ќе бидат сместени во кампот во Ѓадр, наведува весникот.

Тирана - Албанскиот претседател, Бајрам Бегај преку објава на социјалните мрежи го поздрави отворањето на првото поглавје од преговорите за влез на Албанија во ЕУ.

Оценува дека ова е одлична  вест за Албанците во исполнувањето на нивната аспирација да бидат дел од европскиот блок и исполнување на долгогодишниот сон.

Москва - Руската амбасада во Норвешка соопшти дека го намалила својот конзуларен персонал на двајца дипломати, по барањето на Норвешка да го намали бројот на руските дипломати до 17 октомври.

Руската амбасада во Осло објави на Фејсбук дека продолжува да ги обезбедува конзуларните услуги и покрај намалениот број на персонал. Намалувањето на дипломатскиот кадар дојде по минатогодишната одлука на Норвешка да прогласи 15 члена на руската амбасада за персона нон грата.

Лондон - Невидливата шума од планктони што ги населува океаните се шири во подлабоките води поради климатските промени и би можела значително да влијае на целиот синџир на исхрана, се вели во студијата објавена во списанието „Климатски промени во природата“ предводена од Јоханес Вилјоен од Универзитетот во Ексетер во Велика Британија. 

Сите мориња во светот се населени со овие ситни организми кои се во основата на синџирот на исхрана, а преку фотосинтезата произведуваат половина од органските материи што ги користат сите живи суштества на планетата, наведува агенцијата Ansa.

Вашингтон - Повеќе од 230 лекари, медицински сестри и здравствени работници, од кои повеќето ја поддржуваат потпретседателката Камала Харис во претседателската трка во САД, го повикаа поранешниот американски претседател Доналд Трамп да ги објави своите медицински извештаи со порака дека треба да биде транспарентен за неговата здравствена состојба „со оглед на неговата возраст“.

„Трамп значително заостанува зад стандардите за добра кондиција потребни за да биде претседател на Соединетите Американски Држави и покажува алармантни знаци на опаѓање на (менталната) острина. Во ретки прилики кога можеме да го набљудуваме неговото однесување, добиваме длабоко вознемирувачки сознанија (за неговите способности),“ напишаа 238-те потписници на писмото од 13 октомври, пренесува Си-Би-Ес-Њуз.

Исламабад - Пакистанските власти воведоа строга блокада на Исламабад, распоредена е армијата, а главните патишта се затворени поради повеќекратните напади на милитантите пред состанокот на Шангајската организација за соработка (СЦО).

Во Исламабад и во Равалпинди, почна тридневниот состанок на Шангајската организација за соработка, на кој ќе се разговара за зајакнување на безбедносната соработка и економските врски.

Луистон - Адвокатите кои застапуваат 100 преживеани и семејства на жртвите на најсмртоносното масовно убиство во историјата на Мејн, североисточна американска држава, поднесоа формална тужба против американската војска и воената болница затоа што не направил ништо за да го спречи резервистот одговорен за нападот.

Тужбата се заснова на тврдењето дека воените власти биле свесни за влошеното ментално здравје на резервистот Роберт Кард, кој пред нападот изразил убиствени намери.

Техеран - Иранскиот командант Есмаил Кани, лидер на силите Кудс, огранок на Чуварите на револуцијата за надворешни операции, денеска присуствуваше на погребот на генерал кој беше убиен во израелски напад крајот на септември, заедно со лидерот на либански Хезболах, Хасан Насрала, покажуваат снимките од иранската државна телевизија.

Генералот Кани исчезна од јавноста, а некои медиуми тврдеа дека бил цел на израелски напад во Либан.

Киев - Украина има апсолутно право да гаѓа цели во Русија од каде што беше нападната, врз основа на меѓународното право кое го гарантира правото на самоодбрана, изјави денеска шефот на делегацијата на НАТО во Киев, Патрик Тарнер, наведувајќи дека Киев веќе го користи тоа право.

Тарнер во интервју за Укринформ рече дека раководството на НАТО го признава правото на Украина да напаѓа со оружје со долг дострел, како што наведе, „легитимни цели“ на територијата на Руската Федерација, но оти останува на секоја земја членка на Алијансата да дозволи употреба на оружје доставено до Украина за тие цели.

Њу Делхи - Индија денеска потпиша договор со американскиот Стејт департмент за купување на 31 воен дрон, соопшти индиското Министерство за одбрана.

Американските дронови „МQ-9Б“ (Sky guardian high altitude long endurance) главно ќе се користат од индиската морнарица во регионот на Индиски Океан.

Газа – Најмалку 50 Палестинци загинаа денеска во израелски воени напади низ Појасот Газа, со зголемен притисок од израелската армија (ИДФ) околу бегалскиот камп Џабалија на северот од енклавата.

Палестинските здравствени власти соопштија дека најмалку 17 лица се убиени во израелски напад во близина на Ал-Фалуџа во Џабалија, најголемиот од осумте бегалски кампови во Газа, додека други 10 се убиени во Бани Сухаила во источниот дел на градот Кан Јунис во јужниот дел на енклавата.

Каиро - Престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман денеска ќе го посети Каиро за да разговара за трговијата и инвестициите со египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси, како и за кризата во Либан и на палестинските територии, соопштија денеска египетски дипломатски извори.

Посетата доаѓа во време на шпекулации за потенцијални саудиски инвестиции во Египет, кој доби голем прилив на странско финансирање оваа година, вклучително и рекорден договор од 35 милијарди долари со државен фонд „ADQ“ со седиште во Абу Даби.

Женева - Израел ја продолжува борбата против Хезболах и  издаде наредба за евакуација на жителите на повеќе од 25 проценти од територијата на Либан.

- Сега има над 25 отсто до земјата под директна израелска воена наредба за евакуација, изјави директорката на Агенцијата за бегалци на ОН (УНХЦР) за Блискиот Исток, Рема Џамус Имсеис.

 

Остани поврзан