• четврток, 18 јули 2024
МИА Флеш

10 јули 2024

- Предавање на сите ревизорски извештаи досега кои се спроведени во делот на институциите под надлежноста на Министерството за енергетика и договарање на процес на постојана редовна ревизија на сите институции, било договорено на денешната средба на Сања Божиновска, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини и главниот државен ревизор Максим Ацески.

- Министерот за транспорт Александар Николоски денеска најави откочување на работата на автопатот Кичево-Охрид и почеток на градба на автопатот од Кичево до Букојчани. Очекува за скоро време да биде завршен и патот од Прилеп до Градско, како и сериозно да се посветат на реализација на автопатските делници од Тетово до Гостивар, од Гостивар до Букојчани и од Прилеп до Битола.

- Проблемот со платите на вработените во Македонска Пошта и во Македонски Железници - Инфраструтура и Македонски Железници - транспорт ќе биде надминат, за што веќе се работи на план за реструктуирање на постојните долгови и на постигнување нивна профитабилност, вели вицепремиерот за економски прашања и министер за транспорт Александар Николоски.

 - Деканот на Градежниот факултет во Скопје, Горан Марковски денеска информираше за намален интерес за студирање на оваа струка. Па оттаму, тие биле загрижени за иднината на градежништвото, како што истакна Марковски, а уште повеќе загрижени за иднината на државата.

 – Припадници на Баталјонот за специјални сили на Армијата на РСМ денеска од 10:30 до 16:30 часот, на подрачјето околу плажата „Бафало бич“ во Охрид, ќе реализи

-  „МСУ- Скопје ремек дела за сите” е единствен македонски проект од вкупно 46 пријавени проекти, избран уште во првиот повик за грантови од „Фондот за културно наследство на Хедли за Југоисточна Европа“ за 2024 година, преку „Балканската мрежа на музеи“ (BMN), соопшти Музејот на современа уметност - Скопје.

– Поранешниот командант на здружените сили на НАТО за Европа, американскиот генерал Весли Кларк предупреди на опасноста од започнување нов конфликт на Балканот доколку Русија не биде запрена во Украина.

 - Одлуката на претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, за одбележување на 11 јули како Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница објавена е во Службен весник на оваа земја, известува Анадолија.

– Косовските аспирации за членство во НАТО и поддршката за Косово од страна на Бугарија биле темите на средбата на претседателката на Косово, Вјоса Османи со бугарскиот премиер, Димитар Главчев на маргините на Самитот на НАТО во Вашингтон. 

 - Израелската полиција денеска уапси деветмина демонстранти откако тие го блокираа автопатот во близина на Тел Авив, барајќи предвремени избори и договор за размена на затвореници со групата Хамас.

- Белорусија ја зајакнува границата со Украина по безбедносен инцидент и распореди единица со повеќе ракетни фрлачи за да ја тестира нивната борбена готовност, соопшти белоруското Министерство за одбрана.

– Претседателот на Украина, Володимир Зеленски на маргините на Самитот на НАТО во Вашингтон изјави дека во руски напади од 8 јули врз повеќе украински градови загинале 43 луѓе, а 200 се повредени.

 - Критичната одлуката за проширувањето на НАТО по Студената војна, како ретко која друга во модерната историја ја промени Европа, бидејќи ја обедини на начин кој претходно беше незамислив, го отвори патот за интеграција во ЕУ и донесе мир и просперитет низ целиот континент, порача генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг во обраќањето на свеченоста по повод 75-годишнината од формирањето на НАТО, што се одржа доцна синоќа во рамки на Самитот на Пактот во Вашингтон. 

 – САД ќе и достават Украина системи за противвоздушна одбрана Патриот системи, покрај оние што веќе ги ветија Германија, Романија и Холандија, се наведува во заедничката изјава објавена по повод самитот на НАТО во Вашингтон.

–  Белгискиот крал Филип денеска на лидерот на националистичката Нова фламанска алијанса (Н-ВА), Барт Де Вевер му додели мандат за започнување преговори за формирање нова Федерална влада на Белгија.

–  Тони Блер го предупреди новиот британски премиер да го „затвори патот“ на популистичката десница со строга контрола на имиграцијата.

–  Новиот американски претставник во Тајван денеска вети дека Вашингтон ќе му помогне на островот да се одбрани додека Кина ги засилува своите воени закани. Рејмонд Грин, кој ја презеде својата нова функција како директор на Американскиот институт во Тајван, се сретна со претседателот Вилијам Лаи, објавија американските медиуми.

–  Невремето зароби повеќе од 130 луѓе во близина на границата на Кина со Непал во регионот на Тибет, објавија британските медиуми, цитирајќи кинески државни медиуми.

 - Трговијата со оружје меѓу Северна Кореја и Русија е закана за светскиот мир, изјави вчера јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол, цитиран од британските медиуми. 

Тагови

Остани поврзан