• четврток, 18 јули 2024
МИА Флеш

17 јуни 2024 

- Наглите временски промени и високите температури може да бидат ризични за граѓаните. Од итната медицинска помош во Скопје велат дека поради горештините, зголемен е бројот на повици, како и на копласи на јавни места независноста од возраста на граѓаните. Граѓаните може да имаат вртоглавици, варирање на крвниот притисок, вознемиреност... Се препорачува излегување надвор од домот во утринските часови и доцна попладме, да се носи лесна облека, да се консумираат многу течности и лесна храна. 

- Имаме доста колапси на јавни места, независно од возраста. Треба да се почитуваат препораките за носење лесна облека, пиењето терапија за хронично болните, да не се излегува на сонце по 11 часот и така натаму, изјави Драган Панов, доктор во Итната медицинска помош во Скопје. 

Помош и совети бараат и постари, но и млади лица. Се случувало помош да побараат млади кои се истуширале, па веднаш заспале под клима. Една од препораките е и да не се практикува ова - климата, советуваат, да не дува директно во граѓаните.

- Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а во попладневните часови, претежно во планинските подрачја, ќе има услови за
изолирана локална појава на пороен дожд и грмежи. Температурата ќе достигне до 38 степен. Потоа се очекува стабилно и многу топло време.

Најтопло ќе биде особено на југоистокот во четврток, петок и сабота за кога е најавено дека температурата ќе достигне до 39 степен. Во четврток преку денот краткотрајно ќе засилува претежно северен ветер.

- Прометот во индустријата, вкупно, во април годинава во однос на април минатата година е намален за седум проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. 

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во април 2024 година, во однос на април 2023 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7,8 проценти, Tрајни производи за широка потрошувачка за 5,9 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,7 проценти, а опаѓање кајКапитални производи за 23,2 проценти. Прометот во индустријата, вкупно, во април годинава во однос на март годинава е намален за 11,6 проценти а во периодот јануари – април година, во однос истиот период лани за 8,7 отсто.

- По шест години во затвор за повеќе предмети од поранешното Специјално јавно обвинителство, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, денеска излегува од затворот „Скопје“.

Апелациониот суд во Скопје, претходно донесе одлука тој да добие условен отпуст за предметот „Титаник“. 

Покрај „Титаник“, Јанакиески беше обвинет и во „Шпански скали„ и „27-ми април“.

- Рекорден број луѓе ширум светот ги избегнуваат вестите, покажа истражувањето на Институтот Ројтерс. Како што е наведено, 39 проценти од испитаниците од 47 земји рекле дека понекогаш или често активно ги избегнуваат вестите, додека во 2017 година, 29 проценти од учесниците во истражувањето го дале тој одговор.

Околу 46 отсто од луѓето одговориле дека се многу или екстремно заинтересирани за вести, во споредба со 63 отсто во 2017 година, пренесе Би-Би-Си.

 - Кремљ денеска соопшти дека меѓународниот мировен самит за Украина, предводен од Киев, дал - „нула“ резултати.

-Ако зборуваме за резултатите од таа средба, тогаш тие се сведуваат на нула, нагласи портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

 – Министрите задолжени за животна средина на земјите членки на ЕУ на нивниот денешен состанок во Луксембург со квалификувано мнозинство го одобрија Законот за обнова на природата на Унијата, што е последниот чекор во усвојувањето на оваа регулатива кој е дел од Зелениот договор. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, процедурата за усвојувањето на Законот со месеци беше во ќор-сокак, откако тој во февруари со тесно мнозинство беше поддржан од Европскиот парламент, по што остана да биде одобрен уште од Советот на ЕУ, односно претставниците на земјите членки на блокот. 

- Косовскиот министер за заедници и враќање, Ненад Рашиќ, изрази подготвеност да се вклучи во изготвувањето на статутот на Заедницата на општини со српско мнозинство (ЗСО).

Рашиќ посочи дека ЗСО треба да потсети дека меѓународните договори имаат поголема сила од локалните закони и дека обврските мора да се почитуваат, објавија денска косовски медиуми.

Тој додаде дека нема да има прекршување на уставот и законите на Косово во однос на формирањето на ЗСО.

-  Советот на ЕУ денеска донесе одлука за продолжување на санкциите воведени како одговор на илегалната анексија на Крим и градот Севастопол од страна на Русија до 23 јуни 2025 година, јави дописникот на МИА од Брисел. 

Рестриктивни мерки кон Русија во врска со анексијата првпат беа воведени во јуни 2014 година и тие вклучуваат забрани за увоз во ЕУ на производи кои потекнуваат од Крим или Севастопол, како и за инфраструктурни или финансиски инвестиции и туристички услуги на овие територии.

Понатаму, со санкциите се забранува извоз на одредени стоки и технологии од ЕУ за Крим, кои би можеле да се користат во транспортниот, телекомуникацискиот и енергетскиот сектор или за истражување и производство на нафта, гас и минерални ресурси. 

 

Остани поврзан