• недела, 16 јуни 2024
МИА Најави - МКД (ДПЛ)

7 јуни 2024

Скопје - Втора седница на Собранието на Република Северна Македонија. (11:00)

Скопје - Средба на претседателот на Собранието, Африм Гаши, со амбасадорот на ЕУ во Република Северна Македонија, Дејвид Гир. (стар кабинет/10:00)

Скопје - Седница на Верификационата комисија во Собранието на Република Северна Македонија. (Сала 4/10:00)

Скопје - Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски, ќе одржи прес-конференција. (Агенција за храна и ветеринарство/10:00) 

Скопје - Младинска конференција на тема „Образование и млади“ во организација на Младинскиот образовен форум (МОФ).  (Станица 26/11:30, изјави за медиумите/11:30-12:00)

Скопје - Почнуваат „Деновите на кариера“ во организација на  KARIERA.mk и East Gate Mall. (Приземје во трговскиот центар East Gate Mall/17:00-20:00)

Скопје - Презентација на резултатите од проектот „Виртуелна прошетка на Скопското кале“ во рамки на регионалниот проект Virtual Tours 3 Fortress/Castles. (Градска библиотека „Браќа Миладиновци“/19:00)

Скопје - Промоција на прирачник за читачки навики насловен ,,Лектирата не е бауч" од  Габриела Неделкоска,  Љубица Кардалеска-Радојкова и  Татјана Срцева-Павловска. (Аулата на АУЕ-ФОН Универзитет/11:00)

Нови Сад -  Проектот „Пејзажно искуство“ на уметниците Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска, национален претставник на 59то издание на меѓународната ликовна изложба La Biennale di Venezia 2022, ќе биде поставен во Музејот на современата уметност на Војводина. (МСУ на Војводина/20:00)  

Скопје - Отворање на изложбата „Кадри на ранливост“, на Наташа Неделкова, Амир Карахасан и Миле Неделков. (КСП Центар Јадро/20:00)

Скопје - Отворање на изложбата „Линијата што избледнува: Приказни на работ на легалноста“ на Албан Муја. (Музеј на современата уметност/20:00)

Скопје - Изведба на претставата „Баба самурај” од Шоко Ито. (Голем амфитеатар А3 на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, УКИМ/19:00)

Скопје - Премиера на  филмот „Авантурите на Биби и Боби: Волшебната шума“. (Сити мол, кино Cineplexx/18:10)

Скопје - Фестивал за класичен балет и модерен танц  во организација на ЈУ. Детски културен центар – Карпош. (МНТ)

Битола - Со концертен настап на Камерниот оркестар од Битола и 11 млади интерпретатори почнува со реализација проектот „Летај Галебе“ посветен на творештвото на Маестро Кире Костов. (НУ Центар за култура/20:00)

_________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан