• четврток, 27 јуни 2024
МВР Билтен

Скопје, 28 мај 2024 (МИА) - Денеска (28.05.2024) во 00.10 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.О.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање  на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (28.05.2024) во 00.15 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.К.(25) од с.Идризово, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање  на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 27.05.2024 во 16.00 часот на кеј на река Вардар, полициски службеници од  Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје  го лишиле од слобода А.А.А.(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 27.05.2024 во 16.25 часот на подрачјето на Карпош,  полициски службеници од  Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода М.С.(19) од Скопје, затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 27.05.2024 во 22.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода И.М.(19) и И.Ј.(26), двајцата од Струмица, затоа што кај нив била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.   

На 27.05.2024 во СВР Битола било пријавено дека во 14.30 часот во објект на Противпожарната единица, лоциран во Старата касарна, биле пронајдени 1.408 пушки со потекло од Балканските војни. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола безбедно ги подигнал пушките за понатамошна постапка.

На 27.05.2024 во 16.10 часот во ОВР Струга е пријавено дека во нива во атар на струшкото село Калишта била пронајдена граната од Првата светска војна со калибар од 95 милиметри. Гранатата била безбедно подигната од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување Битола за понатамошна постапка.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (27.05.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 135 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола шест санкции, шест санкции за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за некористење на сигурносен појас, 34 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците...

На 27.05.2024 во 12.15 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека во атар на с.Драмче, делчевско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат пунто“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ф.Л.(76) од с.Град, делчевско и патничко возило „шкода“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(33) од Делчево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ф.Л., кој од здобиените повреди починал на пат кон болница. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Возачот Н.Д. се здобил со телесни повреди, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Делчево.

На 27.05.2024 во 07.20 часот во СВР Штип било пријавено дека на експресниот пат Кочани-Штип, во близина на клучка „Три чешми“, патничко возило „сеат леон“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од С.М.(43) од Пробиштип, удрило во И.К.(41) од Штип, кој извршувал работни задачи на патот, а потоа излетало од коловозот. Во несреќата, И.К. се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип.

На 27.05.2024 во 11.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Кадрифаково - Штип, во близина на клучка „Три чешми“, патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 50-годишната К.М.Л. од с.Врсаково, штипско, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила нејзината сопатничка Ж.М.(53) од истото село, додека К.М.Л. се здобила со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип. По овластување на јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

На 27.05.2024  во 15.00 часот Полициската станица Драчево, В.Н.(25) од Скопје пријавил дека на на ул.„Антон Димитров“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 27.05.2024 во 15.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница на ул.„Загребска“ со ул.„Питу Гули“ во Скопје, патничко возило удрило во велосипед управуван од Т.П.(55) од Скопје и го напуштило местото. Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 27.05.2024 во 09.35 часот во Полициската станица Центар, С.Г.(72) од Скопје пријавила дека на мостот „Беласица“ била касната од куче скитник.

На 27.05.2024 во 10.50 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионален пат Маврово-Дебар, во близина на Сенечки ливади, патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Т.М.(76) од Гостивар, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Л.М.(49) од Гостивар, констатирани во Ургентен центар во Гостивар. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.

На 27.05.2024 во 10.50 часот во Полициската станица Центар,  А.В.(38) од Скопје пријавил дека во Градски парк - Скопје бил каснат од куче скитник. дма/

Фото: МИА архива

Тагови

Остани поврзан