• недела, 05 мај 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 21 април 2024 (МИА) - На 21.04.2024 во 01.10 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ѓ.М.(36) од Пехчево. Тој се сомничи дека на 20.04.2024 во 22.45 часот во продажен објект во Струмица со закана кон вработената одзел повеќе производи. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 20.04.2024 во 16.40 часот на ул.„„Браќа Ѓиновски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Т.Н.(35) од Струга, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба поради бегство од затвор. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Прилеп за доиздржување на една година и шест месеци од затворската казна.

На 21.04.2024 во 00.40 часот на улица „Коста Абраш“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле Д.М.(22) од Кочани затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот  ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Денеска (21.04.2024) во 01.30 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Е.(32) од Тетово затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 20.04.2024 во 22.10 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.Б.(21), М.Б.(24) и З.С.(33), сите од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 20.04.2024 во 23.40 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.К.(43) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 20.04.2024 во 21.50 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници ги привеле O.Б.(24), Ј.М.(32) и О.Б.(40), сите од Република Турција, затоа што по извршен проверка и контрола било констатирано дека оствариле илегален влез во државата. Со нив бил извршен службен разговор, по што лицата биле предадени на Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за понатамошна постапка.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (20.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 114 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, 10 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, седум мерки за користење на мобилен телефон при управување...

На 20.04.2024 во 14.23 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Штип -  Кочани, во близина на индустрискиот дел Штип, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „шкода рапид" со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(66) од Скопје и патничко моторно возило „пежо 206" со кочански регистарски ознаки, управувано од А.Н.(40) од Кочани. Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот на возилото „пежо“ и Л.Д.(64) од Скопје, сопатничка во возилото шкода, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош  Штип. Возачот Б.Д. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Штип. Увидот на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Штип.  

На 20.04.2024 вo 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Ќемал Сејфула“ со ул.„Павле Илиќ“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(46) од Скопје и мотоцикл „априлија“ со скопски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Скопје. Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.  

На 20.04.2024 во 11.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово -  с.Волковија, патничко возило „нисан“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Ш.(40) од с.Нераште, општина Теарце, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Ш. констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

На 20.04.2024 во 13.20 часот во Полициската станица Гази Баба, З.К.(41) од Скопје пријавила дека на ул.„Јужноморавски бригади“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 20.04.2024  во 20.35 часот во Полициската станица Центар, Г.М.(43) од Скопје пријавила дека на ул.„Титоввелешка“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 20.04.2024 во 15.10 часот во СВР Охрид, С.Ј.(28) од Гостивар пријавил дека на ул.„Св.Климент Охридски“ во Охрид неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.бт/

Фото: МИА Архива

Тагови

Остани поврзан