• петок, 28 јуни 2024

Лукашенко го назначи Максим Риженков за министер за надворешни работи на Белорусија

Лукашенко го назначи Максим Риженков за министер за надворешни работи на Белорусија

Минск, 27 јуни 2024 (МИА) - Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко денеска донесе голем број одлуки за именувања на високи позиции, меѓу кои е и назначувањето на Максим Риженков за министер за надворешни работи на таа земја.

Риженков претходно беше прв заменик-шеф на администрацијата на претседателот на Белорусија, јавија белоруските медиуми.

Претседателот на Белорусија го назначи Дмитриј Крутој за шеф на неговата администрација, а Наталија Пјаткевич за прв заменик. рп/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан