• недела, 22 декември 2024

Литургија во велешката градска црква по повод Денот на сесловенските просветители

Литургија во велешката градска црква по повод Денот на сесловенските просветители

Велес, 24 мај 2024 (МИА) - По повод 24 Мај - Денот на сесловенските и македонски просветители, браќата Кирил и Методиј, денеска во Велес во црквата „Св.Кирил и Методиј“ се отслужи Света Архиерејска Литургија.

Со Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј и бројно свештенство на Повардарската Епархија,информираат од Епархијата.

Инаку синоќа во пресрет на празникот во истата црква, во чест на сесловенските и македонски рамноапостолни светители, светите браќа Кирил и Методиј кои се и нејзин патрон, се одржа свечена културно-уметничка програма.ад/бт/

Остани поврзан