• среда, 14 мај 2025

Албански државјанин баран од Интерпол Норвешка приведен на ГП „Блато" 

Албански државјанин баран од Интерпол Норвешка приведен на ГП „Блато

Дебар, 26 април 2025 (МИА) - На граничниот премин „Блато" на македонско - албанската граница кај Дебар, приведен е албански државјанин баран со меѓународна потерница.

- Вчера во 7.55 часот на Граничен премин „Блато", на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Р.Н.(20) од Република Албанија. При гранична контрола било констатирано дека се бара од Интерпол Норвешка, информираше денеска Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид.

Според него,  лицето било предадено во Полициската станица Дебар за понатамошна постапка. вт/цр


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан