• понеделник, 15 декември 2025

Лимани: За да биде Гостивар чист, сите треба да се грижиме

Лимани: За да биде Гостивар чист, сите треба да се грижиме

Гостивар, 9 мај 2025 (МИА) – Со екоакција за собирање на отпадоци и чистење на јавни површини во центарот и населбата Малеарди, вработени во локалната самоуправа, волонтери, ученици, спортисти и оваа година се вклучија во националната еколошката активност „Генералка викенд“.

Меѓу стотината учесници беше и в.д. градоначалникот Ваљбон Лимани кој посочи дека „Генералка викенд“ во Гостивар се спроведува трет пат и во соработка меѓу двете јавни претпријатија, општествено одговорни компани и невладини организации.

- Оваа активност е добредојдена за сите нас и е своевидна порака до сограѓаните за подигање на свеста за градот ни биде почист и поубав. Апелирам до сите, да се грижиме. Се случува понекогаш комуналните служби да се соочат со проблеми за вршење на нивната работа, па затоа и граѓаните треба повеќе да се ангажираат и грижат. За да биде Гостивар чист, сите треба да се грижиме, рече градоначалникот Лимани.

Тој искажа благодарност до сите учесници кои се приклучија во екоакциите. Годинава, локалната самоуправа активностите ги спроведе во соработка со „Позитива Б2“, Црвен крст, „Мен енд маунтин“ кошаркарските клубови, градските училишта и ЕВН. згм/мд/

фото: МИА



Остани поврзан