• вторник, 02 јули 2024

Лефков: Пендаровски откако ги потпиша договорите тврдеше дека само што не сме влегле во ЕУ

Лефков: Пендаровски откако ги потпиша договорите тврдеше дека само што не сме влегле во ЕУ

Скопје, 4 март 2024

Откако владата на СДС и Пендаровски ги потпишаа Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија, тврдеа дека само што не сме влегле во ЕУ.

Стево Пендаровски ги убедуваше граѓаните дека тој и владата на СДС ги затвориле сите отворени прашања со соседите, и дека сега никој не не опструира, напротив ни помагале и Грција и Бугарија.

Да го погледнеме видеото.

Пендаровски потенцираше дека нема ниту едно отворен крупно прашање. Неколку години подоцна Македонија е подалеку од ЕУ од кога било порано, а односите со Бугарија се полоши од времето за кое Пендаровски и СДС тврдеа дека биле лоши.

Наместо напредок и отворање на преговорите со ЕУ, имаме нови барања и диктати.

Наместо соработка на рамноправна основа, имаме асиметрични односи, во кои Македонија е страната која само дава, а ништо не добива.

Политиката на веднење кичма на Пендаровски и СДС ја донесе Македонија во понижувачка позиција. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме.

 

Лефков: Маричиќ нека каже еден пример на функционер од ЕУ кој што злоупотребува службени средства како што прави тој од позиција на вицепремиер за европски прашања

Вчера новинарите го фатија Бојан Маричиќ како користи државно, службено возило за партиски настан. Службените возила коишто имаат и свој возач се сопственост на државата, на народот и се платени од народни пари и не смеат да бидат користени на начин на којшто ги користи, и тоа замислете вицепремиер за евроинтеграции, вака пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков за време на денешната прес конференција одговори на новинарско прашање во врска со вчерашниот случај со вицепремиерот Бојан Маричиќ кој со службено возило беше да се потпише за кандидатот на неговата партија за претседател.

„Нека каже еден пример каде функционери од Европската Унија вака злоупотребуваат службени средства. Очигледно е дека не се прави разлика буџет, сопствен џеб. Не се прави разлика меѓу сопствени и државни возила и помеѓу партијата и државата“, потенцираше Лефков.

Тој исто така упати апел и до ДКСК да реагира за оваа злоупотреба и го повика Маричиќ да одговори уште за колку партиски активности во текот на вчерашниот ден го злоупотреби службеното возило.

„Ја повикуваме Државната комисија за спречување на корупција веднаш да реагира за тоа што Маричиќ беше однесен во подрачната единица на ДИК за да го даде својот потпис на Пендаровски, што е чиста партиска активност, а Маричиќ може да одговори дали со тоа службено возило беше и на партискиот настан во Кавадарци и уште на колку партиски настани во неработниот ден, односно вчера е злоупотребено службеното возило“, истакна Лефков.

 

Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан