• вторник, 05 ноември 2024

АСОМ: Очекуваме конструктивна соработка со новата Влада за Законот за игри на среќа

АСОМ: Очекуваме конструктивна соработка со новата Влада за Законот за игри на среќа

Скопје, 2 јули 2024 

По вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски со која тој најави ревидирање на Игрите на среќа, ние од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) сакаме да го поздравиме пристапот на новата Влада и воедно порачуваме дека сите членки на АСОМ се легитимни претставници на индустријата кои во ниту еден момент не смеат да бидат исклучени од процесот на одлучување или менување на Законот за игри на среќа.

Како приредувачи на игри на среќа секогаш делуваме конструктивно, со низа аргументи и предлози за унапредување на сите аспекти од работењето на индустријата. Затоа, очекуваме и конструктивна соработка со новата Влада, која ќе биде во интерес на сите чинители.

Како што најави и премиерот Мицкоски, потребно е целосно преиспитување и ревидирање на досегашниот пристап, со цел да се дојде до сеопфатно законско решение кое ќе биде поправедно, како за граѓаните, така и за приредувачите на игри на среќа, но и за нивните вработени.

Оттука, порачуваме да не се направи истата грешка како претходно и ние, легитимните претставници на индустријата на игри на среќа кои сочинуваме 95% од лиценцираните компании во државата, да бидеме целосно вклучени од процесот на ревидирање.

Повикуваме на конструктивна соработка со новата Влада во интерес на граѓаните, но и на нашите вработени и воедно потсетуваме дека од оваа гранка живеат повеќе од 10.000 вработени, а над 54.000 индиректно го остваруваат својот приход од игрите на среќа.

Индустријата за игри на среќа е сериозна стопанска гранка од која во буџетската каса по сите основи се слеваат повеќе од 280 милиони евра и затоа, заедно со новата Влада, треба да работиме партнерски за да се превенира злоупотребата на игрите на среќа и да се изнајде европско решение и квалитетен закон со кој ќе се постигнат низа позитивни промени и ќе се унапреди индустријата.

Асоцијација на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ)

_________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото АСОМ

 

Остани поврзан