• вторник, 02 јули 2024

МВР: Лажни се поканите за наведона тековна истрага од страна на сторители во името на МВР и ЕВРОПОЛ

МВР: Лажни се поканите за наведона тековна истрага од страна на сторители во името на МВР и ЕВРОПОЛ

Скопје, 2 јули 2024 (МИА) - Министерството за внатрешни работи информира дека до неколку граѓани и правни лица, од страна на сторители кои лажно се претставуваат во име на МВР и ЕВРОПОЛ, се упатени лажни покани во врска со наводна тековна истрага.

Од МВР апелираат до граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами, а Секторот за компјутерски криминал  при МВР веќе презема соодветни мерки и активности за законско санкционирање на сторителите.

- Секторот за компјутерски криминал  апелира граѓаните и правните субјекти да не отвараат прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи, да не наседнуваат на измами од ваков тип и правните субјекти да преземат соодветни мерки за заштита на нивните компјутерски системи од потенцијален малициозен софтвер согласно нивните интерни процедури за сајбер безбедност, се наведува во соопштението од МВР. цр/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан