• вторник, 05 ноември 2024

Кумановци поднеле околу сто барања за надоместок на штета предизвикана од обилните врнежи

Кумановци поднеле околу сто барања за надоместок на штета предизвикана од обилните врнежи

Куманово, 5 јули 2024 (МИА) - Кумановци поднеле 96 барања за претрпена штета од обилните врнежи од дожд и невреме кои го зафатија регионот во последната недела од јуни, информираа денеска од општината. Најмногу барања се поднесени за штети предизвикани на земјоделско земјиште со насади, недвижен и движен имот.

- Граѓани од повеќе локации од градското подрачје поднеле барања за надоместок на штети до Комисијата. И жители од руралните средини поднеле барање за надоместок на штета претежно за насади од Косматац, Шупљи Камен, Зубовце, Биљановце, Четирце, Љубодраг, Романовце, Довезенце, Ново село, Умин Дол, Режановце, Орашац, Речица, Добрашане, Горно Којнаре, Черкези, велат од општината.

Последната недела од јуни, Куманово беше зафатено со силен дожд, проследен со силни електрични празнења и грмежи. Граѓаните реагираа за поплавени подруми, приземни делови од објекти, куќи, дуќани. ам/дма/


Фото: ЈП „Чистота и Зеленило“

Остани поврзан