Конфликтот во Газа не може да се реши со воени средства, изјави германскиот министер за надворешни работи
- Конфликтот во Газа не може да се реши со воени средства, а акцентот треба да се стави на политичко решение, изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул за време на денешната посета на Ерусалим.
Ерусалим, 11 мај 2025 (МИА) - Конфликтот во Газа не може да се реши со воени средства, а акцентот треба да се стави на политичко решение, изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул за време на денешната посета на Ерусалим.
Тој изјави дека Германија ќе направи сè што е можно за да ја гарантира безбедноста на Израел, но тоа не значи дека земјата не може да ги критикува израелските активности, додавајќи дека тоа „не треба да води кон антисемитизам“.
Според Израел, при нападите на палестинското движење „Хамас“ на 7 октомври 2023 година биле убиени 1.200 луѓе, а 251 лице биле киднапирани во Газа. Според здравствените власти во енклавата, кои се под контрола на „Хамас“, израелските вооружени сили убиле над 52.000 Палестинци, главно цивили.
Вадефул повтори дека враќањето на заложниците е приоритет за германската влада. Новиот министер за надворешни работи изјави и дека не е сигурен дали воените активности во Газа ќе придонесат за безбедноста на Израел и додаде дека е јасно дека Газа е дел од палестинската територија. ссм/
фото: ЕПА