• четврток, 01 август 2024

Кикиљас: Бонус за приватните лекари кои ќе вакцинираат

Кикиљас: Бонус за приватните лекари кои ќе вакцинираат
Атина, 23 јули 2021 (МИА) – За секој термин што ќе го закажат за вакцинација, фармацевтите и лекарите ќе добиваат по 10 евра, за секоја вакцинација во неговата приватна ординација, лекарот ќе добива по 20 евра, а 50 евра ќе добие лекар доколку вакцинира лице во домашни услови, се новите бонуси за поттикнување на процесот на имунизација во Грција кои ги соопшти министерот за здравство Василис Кикиљас, јави дописничката на МИА од Атина. -Во програмата за вакцинација стигнавме во фаза во која сакаме да ги убедиме дури и нашите најскептични сограѓани. Очигледно е дека вакцините спасуваат животи, мислам дека сите го разбраа тоа. Минуваме низ фаза на делта мутацијата, пред нас имаме повеќе од половина од летото, сакаме да ги заштитиме туризмот, економијата, социјалниот живот и да ги поддржиме сите овие активности, рече Кикиљас. Грчкиот Парламент, пак, вчера, го изгласа амандманот од Министерството за здравство за задолжителната вакцинација на здравствените работници, како и за вработените во центрите за грижа. ср/сд/

Остани поврзан