• недела, 22 декември 2024

Итен состанок на СБ на ОН по убиството на политичкиот лидер на Хамас

Итен состанок на СБ на ОН по убиството на политичкиот лидер на Хамас

Њујорк, 31 јули 2024 (МИА) - Советот за безбедност на ОН ќе одржи итен состанок денеска откако Хамас соопшти дека нивниот политички лидер Исмаил Ханија е убиен во израелски напад во главниот град на Иран, соопшти руското претседателство со Советот.

Состанокот, по барање на Иран и поддржан од претставници на Русија, Кина и Алжир, е закажан за 16:00 часот (20:00 по Гринич), изјави портпаролот на руското претседателство, кое го има ротирачкото раководство на Советот. зш/

Остани поврзан