• четврток, 19 септември 2024

Мешал најверојатен наследник на Ханија

Мешал најверојатен наследник на Ханија

Газа, 31 јули 2024 (МИА) – Најверојатен наследник на убиениот лидер на Хамас, Исмаил Ханија, ќе биде Халед Мешал, изјавија неименувани извори на палестинската организација.

Мешал во 1997 година беше цел на израелските агенти, кои му вбризгаа отров пред неговата канцеларија во главниот град на Јордан, Аман. Тогашниот јордански крал Хусеин што се закани дека ќе го раскине мировниот договор помеѓу Јордан и Израел доколку израелските власти не обезбедат противотров. Израел обезбеди противотров и се согласи да го ослободи и затворениот лидер на Хамас, шеикот Ахмед Јасин, кој седум години подоцна беше убиен во Газа.

Мешал (68) стана политички лидер на Хамас во егзил една година пред Израел да се обиде да го елиминира. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан