• сабота, 29 јуни 2024

Каселакис: Ја повикуваме новата власт во Северна Македонија да се вразуми и да размисли за одговорностите кон иднината на својот народ

Каселакис: Ја повикуваме новата власт во Северна Македонија да се вразуми и да размисли за одговорностите кон иднината на својот народ

Атина, 12 мај 2024 (МИА) – Ние, како партија која скапо го плати својот патриотизам, го повикуваме новото раководство на Северна Македонија да се вразуми и да размисли за своите одговорности кон историјата и иднината на нејзиниот народ, напиша на платформата Икс претседателот на СИРИЗА Стефанос Каселакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Лидерот на грчката опозициска партија упатува прашања, но и критики до актуелниот грчки премиер во врска со Договорот од Преспа, со оглед на ставот и противењето на Кирјакос Мицотакис во периодот кога беше опозиција. 

Го прашува зошто сега моли да се почитува Договорот и дали можеби сепак „не беше предавнички“ договор. 

-Премиерот вели дека не му се допадна Договорот, но „државата има континуитет и затоа треба да се почитува“. Не, господине Мицотакис. Никогаш не молиш да се почитува нешто што е негативно за твојата земја, напиша Каселакис, додавајќи дека или се смета за корисен договор за Грција и се почитува или се смета за лош договор и се поништува.

Паралелно посочува дека „историската вистина понекогаш задоцнето се појавува, но секогаш ги оправдува храбрите, вистинските патриоти“. ср/са/

 

Остани поврзан