• понеделник, 23 декември 2024

Стојаноски: Ветивме и остваруваме - 5000 денари покачување на пензиите од септември и март

Стојаноски: Ветивме и остваруваме - 5000 денари покачување на пензиите од септември и март

Скопје, 29 јуни 2024 (МИА) - Покачувањето на пензиите за 5000 денари беше едно од главните ветувања во изборната кампања, и тоа е остварено веќе во првата недела од мандатот на владата, посочи денеска на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски.

Тој напомена дека покачувањето ќе се реализира во два наврати. Како што рече, првото покачување од 2.500 денари пензионерите ќе го добијат во септември, тоа ќе биде трајно и линеарно, додека второто ќе го добијат во март идната година, кое исто така е трајно и линеарно.

-ВМРО-ДПМНЕ им честита на над 300.000 пензионери, тие конечно можат да бидат спокојни, премиерот Христијан Мицкоски и Владата донесоа одлука за линеарно зголемување на пензиите за 5.000 денари. Пензионерите никогаш повеќе нема да бидат лажени со еднократна помош која се продаваше како покачување од страна на СДС и ДУИ, ниту пак со ситни покачувања, рече Стојаноски.

Како што посочи, пензионерите се луѓето кои ја граделе државата каква што е денес и мора да имаат достоинствен живот. бт/вг/

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан