• понеделник, 01 јули 2024

Двајца повредени во сообраќајка помеѓу возило и мотор во Гостивар

Двајца повредени во сообраќајка помеѓу возило и мотор во Гостивар

Скопје, 29 јуни 2024 (МИА) - На 28.06.2024 во 13.40 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на ул.„ЈНА“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од З.Г.(62), и мотор „априлија“, управуван од О.Л.(20), двајцата од Гостивар.

Како што соопшти МВР, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на моторот, а со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило, констатирани во Општата болница Гостивар.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар. вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан