Ирак ги осудува нападите врз американската база во Јордан и повикува на прекин на насилството на Блискиот Исток
- Ирак денеска го осуди смртоносниот напад на американската база во регионот и повика на прекин на насилството на Блискиот Исток, јави ДПА.
Багдад, 29 јануари 2024 (МИА) - Ирак денеска го осуди смртоносниот напад на американската база во регионот и повика на прекин на насилството на Блискиот Исток, јави ДПА.
-Владата на Ирак ја осудува континуираната ескалација, се вели во соопштението на владиниот портпарол. Тој, исто така, предупреди дека последиците од овие случувања претставуваат закана за регионалниот и меѓународниот мир и безбедност и ги загрозуваат економиите и енергетските испораки.
Ирак повикува на прекин на циклусот на насилство и ја изразува својата подготвеност да помогне во воспоставувањето основни правила за да се спречат понатамошни последици во регионот, како и ескалација на конфликтот, се додава во соопштението на портпаролот.
Тројца американски војници загинаа, а околу дваесет други беа повредени во вчерашниот напад со беспилотно летало на американска воена локација во Јордан. мс/
фото: МИА архива