• сабота, 29 јуни 2024

Илјадници наставници во Англија најавија штрајк барајќи подобри плати

Илјадници наставници во Англија најавија штрајк барајќи подобри плати
   
   

Лондон, 3 мај 2023 (МИА) - Илјадници наставници во Англија најавија штрајк што ќе ја наруши работата на повеќе од 22.000 училишта.

Професорите по петти пат годинава штрајкуваат барајќи подобри плати и услови за работа поради високите трошоци за живот.

И покрај опсежните дискусии со синдикатите, предлогот на Владата за еднократна исплата од 1.000 фунти (речиси 1.248 долари) за тековната академска година и просечно зголемување на платите на персоналот од 4,5 отсто следната година беше отфрлен и повеќе не се дискутира.

Одделот за образование го оцени предлогот „праведен и разумен“ и вети дополнителни 2,3 милијарди фунти за училиштата во следните две години.

Синдикатите бараат зголемување на платите над инфлацијата, како и дополнителни средства за зголемувањето на платите да не дојде на сметка на постоечките училишни буџети. паг/

Остани поврзан