• петок, 22 ноември 2024

Во Мексико убиен уште еден новинар

Во Мексико убиен уште еден новинар

Мексико Сити, 29 јуни 2024 (МИА) - Во Мексико е убиен новинарот Виктор Кулебро Моралес (39), кој беше главен уредник на порталот за вести Realidades со повеќе од 20.000 претплатници на Фејсбук.

Телото на Моралес е пронајдено на пат меѓу градовите Ариага и Хикипилас, на југот на земјата, соопшти Обвинителството.

Покрената е истрага за убиство.

На телото на новинарот имало траги од куршуми и удари, јавуваат локалните медиуми.

Моралес е син на политичар од државата Чиапас.

Од 1994 година, повеќе од 150 новинари се убиени во Мексико, земја зафатена од бран насилство поврзано со организиран криминал. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан