• понеделник, 23 декември 2024

Киев: Десетмина цивили ослободени од руски затвор како дел од 53-та размена на затвореници

Киев: Десетмина цивили ослободени од руски затвор како дел од 53-та размена на затвореници

Киев, 29 јуни 2024 (МИА) - Во рамки на 53-та размена на заробеници од руско заробеништво во четвртокот, ослободени се десет политички затвореници од Кремљ и незаконски осудени Украинци, соопшти денеска Координативниот штаб за третман на воени заробеници.

„Во Украина се вратени уште 10 цивили кои беа незаконски затворени на окупираните територии, особено на Крим, како и во Белорусија“, се наведува во соопштението за медиумите објавено на Фејсбук.

Меѓу ослободените се двајца свештеници на Украинската грчкокатоличка црква, Иван Левицки и Богдан Гелета, кои беа приведени од руските власти во Бердјанск во ноември 2022 година.

Украина успеа да го врати и заменик-претседателот на Меџлисот на кримските Татари, активистот и новинар Нариман Џелал. Руските безбедносни сили го уапсија на Крим во септември 2021 година и беше осуден на 17 години затвор.

„Олена Пјех, уметнички критичар и научен соработник во Музејот на уметност во Горловск, која окупаторите ја држат во затвор од 2018 година, се враќа дома. Друг политички затвореник, Валери Матјушенко, беше затворен од окупаторските сили во регионот на Доњецк во јули 2017 година, а подоцна беше незаконски затворен 10 години“, соопшти Координативниот штаб.

Украина успеа да врати и неколку цивили осудени во Белорусија.

Меѓу ослободените е и Никола Швец, кого белоруските власти го обвинуваат дека летал со руски воен авион А-50 за да открие радари со долг дострел на аеродромот во Мачулишчи.

Во соопштението за медиумите се вели дека ослободувањето на украинските цивили се случило со посредство на Ватикан.

„Вкупно 100 граѓани на Украина беа вратени дома во рамките на 53-та размена. Вкупно, 3.310 Украинци се веќе ослободени од руско заробеништво“, додаде Координативниот штаб. ссм/

фото: архива

Остани поврзан