• сабота, 16 ноември 2024

Министерство за здравство на Хамас: Уште 69 лица починаа во Газа, вкупно 37.834

Министерство за здравство на Хамас: Уште 69 лица починаа во Газа, вкупно 37.834

Газа, 29 јуни 2024 (МИА) - Министерството за здравство на Хамас, исламистичкото движење на власт во Појасот Газа, денеска соопшти дека во претходните 48 часа од израелските напади во таа област биле убиени 69 лица.

Од почетокот на израелскиот напад пред речиси девет месеци, во Појасот Газа загинаа вкупно 37.834 луѓе.

Министерството за здравство на Хамас соопшти дека во војната досега се ранети 86.858 луѓе. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан