• четврток, 19 декември 2024

Русија воведе привремени ограничувања за извозот на збогатен ураниум во САД

Русија воведе привремени ограничувања за извозот на збогатен ураниум во САД

Москва, 15 ноември 2024 (МИА) - Русија, најголемиот светски снабдувач на збогатен ураниум, денеска објави дека воведе привремени ограничувања на извозот на збогатен ураниум во САД, симболичен потег откако САД го забранија увозот на руски ураниум.

Русија поседува околу 44 отсто од светскиот капацитет за збогатување ураниум, а околу 35 отсто од увезеното нуклеарно гориво за САД доаѓа од Русија, според американската Агенција за нуклеарна енергија.

Меѓутоа, во мај, американскиот претседател Џо Бајден потпиша закон за забрана за увоз на руски збогатен ураниум, иако САД имаат можност да спроведат ослободување доколку има загриженост за снабдување. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан