• понеделник, 23 декември 2024

Според пописот во Албанија 1,2 милиони се муслимани, 384 илјади христијани

Според пописот во Албанија 1,2 милиони се муслимани, 384 илјади христијани

Тирана, 29 јуни 2024 (МИА) - Според пописните резултати во однос на религиската припадност  во Албанија, од  2.402.113 жители регистрирани во земјата, 1.101.718 жители изјавиле дека припаѓаат на муслиманска вероисповед.

Христијани се  384.833, од нив 201.530  припаѓаат на католичката, 173.645  на православната вера, додека  9.658 лица се изјасниле за евангелистички христијани.

На бектешката заедница припаѓаат 115.644 лица, додека со други верски убедувања се 3.670 лица.

- Податоците исто така покажуваат дека 332.155 лица не го навеле своето религиозно убедување, а други 85.311 се изјасниле како атеисти.

Опцијата „Преферирам да не одговарам“ ја избрале 244.331 лице, додека за 134.451 лице нема информации, објави државната агенција АТА. вт/паг/

 

Остани поврзан