• петок, 26 април 2024

Илон Маск во Пекинг: Интересите на САД и Кина се испреплетени како сијамски близнаци

Илон Маск во Пекинг: Интересите на САД и Кина се испреплетени како сијамски близнаци

Пекинг, 30 мај 2023 (МИА) - Милијардерот Илон Маск, основач на компанијата Тесла, денеска се сретна со кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг, набргу откако слета во Пекинг во неговата прва посета на Кина од 2020 година.

Маск, вториот најбогат човек на светот, пристигна во Пекинг со приватен авион во сопственост на Тесла.

Посетата следи по зголемената конкуренција со која Тесла моментално се соочува со електричните возила произведени во Кина, но и во услови на неизвесност околу плановите за проширување на фабриката на неговата корпорација во Шангај.

- Кина ќе продолжи непоколебливо да го промовира отворањето на високо ниво и е посветена на создавање подобра пазарно ориентирана, легализирана и интернационализирана деловна средина за компаниите од целиот свет, вклучително и Тесла, рече шефот на кинеската дипломатија во изјавата по средбата со Маск.

Тој истакна дека здрави, стабилни и конструктивни кинеско-американски односи се од корист не само за двете земји, туку и за целиот свет.

Маск оцени дека интересите на САД и Кина се испреплетени како сијамски близнаци.

-Тесла се противи на одвојување и прекинување на синџирите и е подготвена да продолжи да го шири својот бизнис во Кина и да ги споделува кинеските можности за развој, посочи Маск. ссм/

фото: кинеско МНР

Остани поврзан