• понеделник, 23 декември 2024

Нема договор меѓу Белград и Приштина за користење на динарот, нова рунда преговори на 13 мај

Нема договор меѓу Белград и Приштина за користење на динарот, нова рунда преговори на 13 мај

Белград, 25 април 2024 (МИА) - По речиси шест часа разговори, и денеска нема договор меѓу делегациите на Белград и Приштина за користење на динарите на Косово, јави Н1. Денеска се разговарало за идеите на ЕУ за решавање на проблемите предизвикани од укинувањето на динарот на Косово.

Директорот на српската Канцеларија  за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, тврди дека тие ги дале своите коментари за предлогот на ЕУ и дека тие коментари биле оценети како конструктивни, додека приштинскиот преговарач зборувал дека не го интересираат Србите кои сакаат да си заминат од Косово.

Бесник Бислими вели дека средбата била загрижувачка, бидејќи се испоставило дека Србија сака да ги финансира сите нелегални институции на Косово до формирањето на ЗСО.

Петковиќ рече дека следната рунда од дијалогот ќе се одржи на 13 мај.

„Разговорите беа тешки и напнати, но беа директни, што е добро. И јас и експертите имавме можност да ги претставиме нашите предлози за идеите на ЕУ и за решавање на проблемот со динарот, бидејќи Курти со таа одлука го загрози опстанокот на српскиот народ. Ова мора под итно да се реши“, рече Петковиќ.

Тој изрази надеж дека ќе има напредок на 13 мај, но рече дека тоа не зависи од Белград. паг/

Фото: МИА архива

 
 

 

 

Остани поврзан