• петок, 28 јуни 2024

Иванов најави зголемена пензија од 11 проценти за бугарските пензионери

Иванов најави зголемена пензија од 11 проценти за бугарските пензионери

Софија, 13 мај 2024 (МИА) – Министерот за труд и социјална политика на Бугарија, Ивајло Иванов на утрешната седница на Надзорниот одбор на Националниот институт за социјално осигурување ќе предложи зголемување на пензиите за 11 проценти од 1 јули, како што е усвоено од Националното собрание, јавија бугарските медиуми.

- Ова е мое право и ќе го искористам, нема потреба некој да ме советува, истакна Иванов.

Конечната одлука за тоа колку ќе биде покачувањето ќе ја донесе Надзорниот одбор на Националниот институт за социјално осигурување. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан