• понеделник, 15 декември 2025

Земјотрес со јачина од 6 степени по Рихтер го погоди брегот на јапонскиот остров Хокаидо

Земјотрес со јачина од 6 степени по Рихтер го погоди брегот на јапонскиот остров Хокаидо

Токио, 22 јуни 2025 (МИА) - Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди брегот на јапонскиот остров Хокаидо, објави Германскиот истражувачки центар за геонауки.

Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри.

Засега нема информации за повредени или причинета материјална штета. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан