• вторник, 05 ноември 2024

За седум дена во Центар санкционирани 268 непрописно паркирани возила

За седум дена во Центар санкционирани  268 непрописно паркирани возила

Скопје, 6 ноември 2023 (МИА) - ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје за седум дена санкционираа 268 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Како што соопшти ЈП Паркинзи, од 30.10. до 05.11.2023 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ, отстранети се 152 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 116 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

-ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците, наведува ЈП Паркинзи. мч/дма/

фото: МИА архива

Остани поврзан