• петок, 21 јуни 2024

Започна реконструкција на водоводна линија во велешкиот комплекс „Атлантис“

Започна реконструкција на водоводна линија во велешкиот комплекс „Атлантис“

Велес, 13 јуни 2024 (МИА) - Започна реконструкција на водоводната линија  на улицата „Луј Пастер“ за водоснабдување на комплекс згради „Атлантис“. Градежните работи ќе се изведуваат во траење од 90 дена. Како што информираат од Општина Велес, трасата за работа започна од спој со улица „Благој Ѓорев“ над игралиштето Тунел, поминува по цела должина на улицата „Луј Пастер“, наспроти цигланата „Киро Ќучук“, поминува под пругата и продолжува до станбените згради.

Од Општината појаснуваат дека во текот на реализација на градежните работи ќе се користи градежна механизација од различен вид и обем. На лице место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација согласно проект за времен режим на сообраќај одобрен од страна на МВР, СВР Велес.

Воедно од Општина Велес упатија  граѓаните да покажат разбирање во текот на изведување на работите и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација со цел непречено изведување на градежните работи и безбедно одвивање на сообраќајот.ад/са/

Фото Општина Велес

Остани поврзан