• петок, 22 ноември 2024

Се изнесува сметот во Куманово, општината и населението постигнаа договор 

Се изнесува сметот во Куманово, општината и населението постигнаа договор 

Куманово, 21 јуни 2024 (МИА) - По два дена блокада на кумановска депонија Краста, жителите на Пчиња, Студена Бара и Вакв дозволија влез за камионите на ЈП ,,Чистота и Зеленило''. Продолжи депонирањето на сметот. Месното население постигна договор со Општина Куманово. За понеделник е закажан состанок со градоначаникот Максим Димитривски и претставници на месното население, и надлежните институции, на кој ќе се дефинираат мерките кои во иднина ќе треба да се реализираат. 

Жителите на Пчиња и околните села бараат дислокација на депонијата, откако се јави големиот пожар кој трае неколку дена. Реагираат дека депонијата го загадува нивниот регион и културите кои што ги произведуваат. 

По дводневната блокада на Краста, вчера вонредна седница одржа и Советот на Општина Куманово. Советниците изгласаа заклучок да се формираат работни групи кои ќе донесат мерки за надминување на проблемот, препорачаа да запре блокадата но и побараа претпријатието да се придржува до насоките на инспекторатот и во рок од седум дена целосно да го изгаси пожарот. ам/дма/

Фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан