• вторник, 14 мај 2024

Занети за Лукаку: Очекувавме поинакво однесување по се што Интер направи за него

Занети за Лукаку: Очекувавме поинакво однесување по се што Интер направи за него

Милано, 9 август 2023 (МИА) - Потпретседателот на Интер, Хавиер Занети ги коментираше информациите дека напаѓачот на Челзи, Ромелу Лукаку би можел да се пресели во Јувентус.

 

- Очекувавме поинакво однесување по се што Интер направи за него. Има право да оди каде сака, ќе го прифатевме, но требаше само навреме да се каже за тоа. Сепак, никој не може да биде поважен од клубот, а кога креирате тим, секогаш треба да размислите кого да ставите во соблекувалната, изјави Занети за „Tuttomercatoweb“.

 

Претходно беше објавено дека Јувентус ги продолжува преговорите со Челзи за трансферот на Лукаку.

 

Минатата сезона 30-годишниот Белгиец настапуваше за Интер како позајмен играч. Напаѓачот постигна 14 гола и седум асистенции на 37 натпревари во сите натпреварувања. зс/

Остани поврзан