• недела, 07 јули 2024

Александер – Арнолд на радарот на Реал

Александер – Арнолд на радарот на Реал


Мадрид, 13 мај 2024 (МИА) – Реал Мадрид е заинтересиран за дефанзивецот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд, објави денеска добро информираниот италијански новинар Фабрицио Романо.
Според истиот изворот, мадридскиот клуб во 25-годишниот англиски репрезентативец гледа замена за седум години повозрасниот Дани Карвахал.
Преговори меѓу Реал и Ливерпул за евентуалниот трансфер на Александер – Арнолд сè уште не се започнати.
Александер-Арнолд одигра 35 натпревари за Ливерпул оваа сезона, постигнувајќи три голови, а додаде и девет асистенции. Неговиот договор со клубот истекува во лето 2025 година. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан