• недела, 29 септември 2024

Заврши реконструкцијата на патот до црквата во село Радичево во Општина Василево

Заврши реконструкцијата на патот до црквата во село Радичево во Општина Василево

Струмица, 29 март 2023 (МИА) - Заврши реконструкцијата на патот до црквата „Свети Илија“ во село Радичево во Општина Василево со што е решен еден од главните проблеми на жителите од ова населено место, кои долги години се соочуваа со лош пристап до црквата и гробиштата.

Како што информираа од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, станува збор за пат во должина од 327 метри и широк три метри.

-Поставени се околу 1.000 метри квадратни асфалт. Одводнувањето беше решено со риголи кои во иднина ќе го штитат асфалтот, како и околните површини од неконтролирано излевање на водата во случај на обилни врнежи, информираа од Центарот.

Овој зафат се реализира во рамки на проектот „Туризмот-иднината на регионот“ кој го имплементира Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. Финансиски е поддржан од Бирото за регионален развој со 2.196.616 денари. рт/дма/

Фото: ЦРЈИПР

Остани поврзан